Нашиот женски ракометен шампион стигна до својата четврта последователна победа, во рамките на групата Ц од лигата на шампионите. Повторно бевме подобри од екипата на Ларвик (30:27), овој пат во С.Ц. Јане Сандански. Игравме колку што беше потребно да освоиме нови бодови и да се зацврстиме на врвот на табелата. После завршување на натпреварот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати, Ирина Дибирова која го изјави следново:
-Ларвик има одлични ракометарки, млади но имаат добар шут од дистанца и добар контранапад. Моите ракометарки, по победата во гости со 10 гола разлика, на натпреварот почнаа малку опуштени, очекуваа дека ќе можат да одиграат со половина сила. Но, се покажа дека не може така, дека мораме да одиграме многу добро. На сите средби мора да бидеме максимално ангажирани бидејќи мора да се игра максимално против секој ривал. Ќе мора тоа да го покажеме на следната средба против ФТЦ во Унгарија.
Вечерва одлична на голот беше Амандин Лејно, која го заврши натпреварот со дури 20 успешни интервенции.
-Ларвик одигра одличен натпревар. Ова беше многу тежок натпревар Играа многу добра одбрана, многу мудро. Но и моите играчи одиграа квалитетно и го добивме натпреварот, истакна Лејно.