Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Најмладите Вардарци од генер. “2010“ му одржаа фудбалска лекција на Шкупи, победувајќи ги убедливо со 10:0
Најмладите Вардарци од генер. “2010“ му одржаа фудбалска лекција на Шкупи, победувајќи ги убедливо со 10:0

Најмладите Вардарци од генер. “2010“ му одржаа фудбалска лекција на Шкупи, победувајќи ги убедливо со 10:0

Утринава на  програмата во Детска лига на терените на Работнички ја отвори екипата на Вардар од генерацијата 2010 и тимот на Шкупи. Овој натпревар тимот на Вардар (1) генерација 2010 го доби со убедливи 10:0. Противникот на овој натпревар немаше што да бара против доминантните момчиња на тренерот Петковски Зоран, кои можеа да слават уште поубедливо.

4

Имавме целосна доминација уште од стартот на натпреварот, кога екипата од Чаир беше потисната на својата половина. Гол – шоуто на овој натпревар го започна играчот Стефан Ристиќ кој погоди за водство на Вардар од 1:0. Веднаш после него во шанса се најде и Марко Јовановски, но противничкиот голман успева да го одбрани ударот. Огнен Сивески зголеми на 2:0 за тимот на Вардар. Следуваше гол на Матеј Чедевски за веќе убедливи 3:0. Следуваше нова добра акција на Вардар преку Чедевски, голманот на Шкупи го одбрани овој удар, а исто така нов обид имаше и Ристиќ, но противничкиот голман спречи поголема негатива.

3

Одново на сцена стапи Стефан Ристиќ, со неговите два нови гола денеска зголеми на 5:0. Ристиќ не застана, следуваше нов гол, четврти за 6:0. До крајот на првото полувреме уште еден гол и повторно во мрежата на Шкупи, прв на денешниот меч за Марко Јовановски, кој ги постави 7:0 по завршување на првите 20 минути.

1

И во второто полувреме тргнавме фуриозно кон голот на екипата од Чаир,  не помина ниту една минута кога Константин Трајков се запишува во листата на стрелци и му носи висока предност на својот тим од 8:0. Истиов играч можеше набрзна да постигне два гола, но неговиот удар сега го брани голманот. Во шанса се најде и денес активниот Ристиќ, кој бие, но без реализација. Чедевски од редовите на Вардар немаше среќа, кога ја погоди стативата од голот н Шкупи, но затоа со со својот прв гол денес Филип Наумовски зголемува на 9:0. До моментот кога го поставивме конечниот резултат имавме уште две шанси, кои останаа нереализирани, за точка на мечот да стави Далибор Марковиќ, кој ги постави конечните 10:0 на натпреварот.

5