Викендов се одигра во Македонската кугларска лига новото петто коло, последно од првиот круг во ова натпреварување. Во ова коло црвено-црниот колектив беше домаќин на екипата на КК Хераклеа од Битола. Нашите момци обезбедија нов триумф над тимот на КК Хераклеа од Битола, со високи 7-1 и покажаа дека се најсилен кандидат за вице-првак во оваа сезона, што е и наша цел.
Ние во сетови победивме со 18-6, црвено-црните момци соборија 3324 “дрва“, а пак битолчани далеку помалку односно 3188. Дарко Димитровски со 571 “соборено дрво“ беше најдобар во нашите редови, апак Георг Поп-Крстев имаше втор скор, впишувајќи 564 зад своето име. Токму Димитровки со својот настап обезбеди место во идеалнит тим на колото, односно топ-6 изборот. Дарко се најде на четвртата позиција во топ-6 со еднаков број соборени дрва како и третопласираниот Соколовски од екипата на Макпетрол.