Не запираат признанија за најдобриот ракометен голман, Арпад Штербик кој според гласовите на фановите е прогласен за најдобар играч на петтото коло во лигата на шампионите. Вардар тогаш во С.Ц. Јане Сандански ја совлада екипата на Барселона, а свое шоу на голот имаше Штербик кој стигна до двоцифрен број на одбранети удари. Арпад се најде во идеалниот тим на колото, а фановите изгласаа дека е и најдобар играч на оваа рунда. Неодамна, Арпад од страна на ЕХФ беше прогласен за најдобар играч и на месец октомври, а таквото признание потврди дека заслужено го освоил и на мечот со Кристијанштад, каде имаше 18 одбрани во триумфот на Вардар против шампионот на Шведска.
Погледнете го видеото, со признанието за најдобар играч во петтото коло.