Во сабота и недела, младинските екипи на ракометниот клуб Вардар играат нови првенствени натпревари.
Младинците на РК Вардар, во рамките на третото коло од групата 1 го играат дербито против екипата на Металург. Натпреварот е закажан да се одигра во недела со почеток од 15:30 часот на Кале. Две победи имаат избраниците на Грчевски и Чивлачки во воведните две кола. Натпревар на домашен терен исто така во недела од 13:15 часот, во рамките на младинската лига од групата 2 играат и младинците на Вардар Јуниор, кои за противник го имаат тимот на Борец од Велес.
Дерби натпреварво рамките на машката кадетска лига, каде Вардар предводен од Андријана Будимир е домаќин на Пролет. Овој дуел ќе се одигра во недела на Кале, со почеток од 11 часот.
Младинките на Вардар Јуниор предводени од Драгана Пецевска по три одиграни натпревари, имаат исто толку победи. Во минатото коло беа слободни, додека противник во петтото коло за црвено-црните е екипата на Кичево. Овој натпревар ќе се одигра на Кале, во сабота со почеток од 13:00 часот. Во ова коло слободна е другата младинска екипа на Вардар, чиј тренер е Анжела Платон.
Дерби ќе има и во женската пионерска лига, помеѓу екипите на Вардар и Металург 2. Младите Вардарки имаат две победи по две одиграни кола. Дуелот со тимот од Автокоманда е закажан да се одигра во сабота на Кале од 11 часот.