Вардар утре ќе одигра нов натпревар во рамките на ПМФЛ, црвено – црните со почеток во 13 часот ќе гостуваат кај тимот на Ренова. Пред овој тежок натпревар, репрезентативецот на Македонија и член на Вардар, Муслиу говори за својот некогашен тим и следен противник на Вардар.
„Нè очекува тежок натпревар. Сите екипи имаат тешка задача во Тетово против Ренова. Знаеме дека секој тим дава максимум за да му земе некој бод на Вардар. Ние треба да одиграме максимално дисциплинирано за да дојдеме до победата во Тетово. Јас бев во Ренова, но сум професионален фудбалер и сега мислите ми се само кон Вардар и кон тоа како да оствариме триумф на утрешната средба. Верувам дека секој кој ќе излезе на терен ќе даде се од себе за да дојдеме до трите бодови кои ни се потребни во борбата за првата позиција на табелата“, изјави Муслиу во пресрет на утрешната средба.