Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Потребна ни е победа за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза – Радичевиќ: Заслуживме салата да биде полна, а ние ќе возвратиме со добра игра на терен и победа
Дибирова: Потребна ни е победа за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза – Радичевиќ: Заслуживме салата да биде полна, а ние ќе возвратиме со добра игра на терен и победа

Дибирова: Потребна ни е победа за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза – Радичевиќ: Заслуживме салата да биде полна, а ние ќе возвратиме со добра игра на терен и победа

Во петок, екипата на ЖРК Вардар го игра последното коло во групата Ц, кога на домашен терен ќе ја пречека екипата на Турингер. Црвено-црните го имаат обезбедено првото место на табелата, но триумф против Турингер ни носи максимални осум пренесен бодови во следната рунда од лигата на шампионите, каде ќе играме со три нови екипи. Денес клубот одржа прес-конференција, на која ги сподели очекувањата за натпреварот во петок. На истата се обрати шефот на стручниот штаб, Ирина Дибирова која го изјави следново:

-Ова е последен меч во групната фаза и е особено важен за нас. Потребни ни се овие бодови за да можеме да пренесеме повеќе бодови во следната фаза. Имаат добра екипа, иако ги победивме со осум гола разлика. Тоа сега нема ништо да значи, и тие ќе се борат за бодовите бидејќи и нив им е важно да освојат бодови. Ќе се бориме сите 60 минути и верувам ќе ги израдуваме навивачите.

Десното крило на Вардарки, Јованка Радичевиќ истакна дека Вардар мора сериозно да го сфати овој натпревар и максимално подготвено да се влезе на истиот.

-После важната победа во гости кај ФТЦ малку се опуштивме, бидејќи тоа ни беше прва цел. Но сега веднаш се свртевеме за овој меч со Турингер, и на максимални подготовка за она што следи. И тие доаѓаат со намера да победат и овие бодови и нив им се важни. Ништо не значи што ги победивме во гости ако сега не ги сфатиме сериозно. Нема да биде лесно, тие играат сите 60 минути на исто ниво без разлика дали се на гости или дома. Така играа и кај ФТЦ. Треба да имаме максимално сериозна одбрана, тоа ќе биде важен клуч за победа. Заслуживме салата да биде полна, а ние ќе возвратиме со добра партија на терен и победа.

Претседателот на ЖРК Вардар, Гордана Нацева истакна дека клубот ја исполнил целта во првата групна фаза, а тоа е првото место на табелата.

-Вардар полека се движи кон она што го зацрта. Ни беше примарна цел првото место во оваа фаза. Клубот е задоволен што овие пет натпревари ги одигравме доминантно и со максимален број бодови. Очекувам и сега на последниот меч да биде така. Ме радува што тренерот и играчите зборуваат за сериозност, бидејќи Турингер сигурно ќе дојде за да победи зашто и нив им се потребни овие бодови. Тие ќе се борат да не загубат со висока разлика. Потоа имаме доволно време, за тренерите и играчите да се подготвиме за втората рунда за пласман на Ф4.