Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Сандро Каровски: Влеговме мотивирано, бидејки овие натпревари се секогаш градско дерби
Сандро Каровски: Влеговме мотивирано, бидејки овие натпревари се секогаш градско дерби

Сандро Каровски: Влеговме мотивирано, бидејки овие натпревари се секогаш градско дерби

Изминатиов викенд започна вториот круг на натпреварување во регионалнаа-скопска лига. Кај генерацијата родени “2004“ година на теренот на алумина се одигра градското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Поуспешни беа нашите млади надежи, кои се предводени од Игор Кралевски, кои стигнаа до висок триумф изразен со резултат 0:8. Хет-трик во победата постигна Сандро Каровски, два гола беа дело на Горад Попов, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа, Никола Павлески, Филип Јовановски и Димитар Стоимов. Токму Каровски за нашиот сајт ги сподели впечатоците од дербито, на кое Вардар беше доминантен и освои три бодови.

-Искрено на дуелот против Работнички очекував натпревар во кој противникот ќе даде поголем отпор. Но ние со нашата екипа во овој натпревар влеговме мотивирано бидејки овие натпревари се секогаш градско дерби. Уште на почетокот Работнички не можеше да ни парира во ниеден дел од играта, која резултираше со висока победа.

vardarfans-generacija-2004

Оваа генерација е актуелен освојувач на детскаа лига, но оваа сезона е на добар пат да стане шампион во регионалната-скопска лига. Вардарци имаа максимален број на освоени бодови и се зацврстени на првото место на табелата, со солидна бодовна разлика пред најголемите конкуренти.

-Во нашата екипа преовладуваше тимска игра и ги исполнивме сите задачи кој ни ги постави тренерот Кралевски и за тоа на крајот заслужено се радувавме. Во првиот круг оваа сезона немаме ниту еден пораз, па така очекувам да биде и до крајот на сезоната и наша цел е да го освоиме првенството и купот.

Звонко Ивановски