Денес на теренот на академијата, гостин беше фудбалскиот клуб на Шкендија од Тетово, која пристигна во Скопје со три возрасни генерации кои одиграа пријателски натпревари со нашиот Вардар. Сите три дуели, во генерациите родени “2004“, “2005“ и “2006“ година завршија со победи на нашите млади надежи.
Вардаровата генерација родени “2005“ година предводени од Ане Андовски ги совладаа врсниците од Шкендија со резултат од 5:2. Се играа две полувремиња по 25 минути. По првото полувреме имавме водство од 3:0. Никола Величковски беше играчот кој го отвори резултатот за 1:0 и му донесе водство на Вардар. Добар натпревар денес одигра Давор Лефковски кој на два пати се запиша во листата на стрелци. Тој успешно ја погоди противничката мрежа, за зголемување на водството на 2:0, за до крајот на првиот дел да погоди и Горјан Цветков, за предност од 3:0. И во вториот дел го диктиравме темпото на игра и постојано го напаѓавме голот на противникот. Со својот втор гол на Лефковски зголемуваме на 4:0, за екипата од Тетово да постигне прв гол и да намали на 4:1. Веднаш врати Вардар и со својот прв гол на Тино Спасиќ зголемија на 5:1. До крајот на мечот, Шкендија постигна втор гол и ги постави конечните 5:2 на овој натпревар.
Победи на истиов терен во дуелите со Шкендија забележаа и генерациите “2004“ и “2006“. Генерацијата “2004′ под водство на Кралевски втор пат сезонава го победува противникот, овој пат на пријателски натпревар, откако пред три недели одиграа и во регионалната-скопска лига, кога со единствениот гол на Никола Павлески триумфиравме со 1:0. Денес многу поубедливо на пријателски натпревар, Вардар славеше со конечен резултат од 4:1. Интересно на овој меч, противникот прв дојде во водство од 0:1, за потоа Вардарци комплетно да го свртат резултатот во своја корист. Георг Стојановски постигна два гола, додека по еден беа дело на Димитар Стоимов и Сандро Каровски. Победнички ден и за избраниците на Сашо Јанев, генерацијата родени “2006“ година кои ги надиграа врсниците од Шкендија и славеа убедливо со резултат 5:1.
Претстојниов викенд, сите три генерации на Вардар се враќаат на настапите во своите лиги, каде ќе одиграат нови натпревари.