Во петок ЖРК Вардар ќе го одигра шестиот и последен дуел од првата групна фаза во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува германскиот претставник, тимот на Турингер.
Овој натпревар ќе биде одигран во петок со почеток во 19 часот, за главни судии на овој натпревар се делегирани судии од Кипар, станува збор за Јоргос Панајидес и Мариос Андреу. Очекуваме уште една победа и задржување на 100% учинок и влегување во втората фаза со максимални број на бодови.
Билетите за овој дуел чинат 150 денари.