Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младиот состав на Вардар Јуниор немаше сила за цел натпревар, па загуби од екипата на Еурофарм Работник
Младиот состав на Вардар Јуниор немаше сила за цел натпревар, па загуби од екипата на Еурофарм Работник

Младиот состав на Вардар Јуниор немаше сила за цел натпревар, па загуби од екипата на Еурофарм Работник

Младиот состав на Вардар Јуниор го претрпе и седмиот пораз во супер-лигата, откако на Кале беше поразен од екипата на Еурофарм Работник.

Избраниците на Стојан Петршевски беа рамноправен противник во првото полувреме кога во еден момент имаа и два гола предност, која беше и најголема за една од двете екипи. Битолчани го отворија резултатот за 0:1, но црвено-црните вратија со два гола, за прва предност на мечот. Во следните пет минути се играше гол за гол, се до моментот кога при негатива од 4:5, црвено-црните постигнаа три последователни голови и поведоа со 7:5. Уште во два наврати ја имавме истава разлика од два гола (9:7 и 12:10), но гостинската екипа постигна два гола во последната минута и на одмор се замина со нерешен резултат од 12:12.

Во вториот дел примивме само пет погодоци, што беше решавачко за поразот. По еден гол на стартот за двете екипи, за Еурофарм да направи серија од 0:3 и да поведе за прв пат на натпреварот со три голови разлика (13:16). Од тие моменти падна темпото на игра во нашиот состав, кој немаше веќе сила да се надигрува со противникот. Само за момент намаливме на 14:16, за во следниот период да му дозволиме на противникот да направи серија од 0:5 и да има недостижни 14:21. Оваа предност ја задржаа до крајот на мечот, за конечен резултат од 17:24.

Вардар Јуниор остана на една победа, издвојувана на гостински терен против екипата на Металург.

РК Вардар Јуниор: Кизиќ, Димов 2, Ангелковски, Чакалиќ, Крстевски 3, Мишевски 3, Димитров, Владимиров, Кизиќ, Карапалевски 1, Трпчевски, Николовски, Димитровски, Гашоски, Кукуловски 3, Цветанов.