Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Александар Тушев: За мојот напредок како голман во младинската екипа, заслужен е минатогодишниот соиграч, Марко Кизиќ
Александар Тушев: За мојот напредок како голман во младинската екипа, заслужен е минатогодишниот соиграч, Марко Кизиќ

Александар Тушев: За мојот напредок како голман во младинската екипа, заслужен е минатогодишниот соиграч, Марко Кизиќ

Екипата на Вардар убедливо го доби младинското ракометно машко дерби, совладувајќи ја на Кале екипата на Металург. Иако се очекуваше тимот од Автокоманда да пружи поголем отпор тоа не се случи, па на крајот убедливо триумфираа црвено-црните со резултат од 33:21. Само во првите 15 минути од натпреварот имаше резултатска неизвесност, кога противникот не му дозволуваше на Вардар да има предност поголема од два гола. Сепак со серија од неколку погодоци, до полувреме имавме убедливо водство од 18:10. На нашиот гол блескаше Александар Тушев, кој беше нерешлива енигма за противничките играчи и го заврши мечот со двоцифрен број на одбранети удари и тоа само со 43 минути поминати на теренот. Токму голманот Тушев за нашиот сајт ги сподели впечатоците од големата победа во дуелот против Металург.

-Натпреварот беше одличен во кој имаше голема желба за победа како кај нас така и кај спротивната екипа. Овој дуел за нас беше значаен за да можеме да успееме да се пробиеме на првата позиција. Игравме како што ни кажаа нашите тренерите и тоа договореното го одработивме на теренот. Во врска со резултатот задоволни сме и без оглед на тоа дека можеше да биде изразен и со поголема разлика. 

17796415_10154744935493052_3506057669274821541_n

Минатата сезона голманскиот тандем на екипата го сочинуваа Марко Кизиќ и Александар Тушев, но по прекомандувањето на Кизиќ во вториот тим на Вардар, прв чувар на мрежата оваа сезона кај младинците е токму Тушев.

-Чуството да се биде прв голман во младинскиот состав на европскипт шампион е не опишливо. За мојот придонес во победата на овој натпревар најзаслужни се моите соиграчи кои изиграа одлично во одбрана. Но морам да напоменам дека за мојот напредок како голман во младинската екипа е заслужен минатогодишниот соиграч, Марко Кизиќ.

vardarfans-mladinci

По три одиграни натпревари, нашите младинци имаат исто толку победи и се наоѓаат на првото место на табелата.

-Со оглед на нашите активни тренинзи и на нашата игра имаме големи шанси да бидеме младински шампиони. Сепак одиме чекор по чекор и се надевам дека ќе прикажуваме се подобра игра на секој нареден натпревар во младинската лига.

Звонко Ивановски