Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Здравеска: “Јуниор Лигата“ како проект е одличен, кој ни овозможува да напредуваме и да се надоградуваме во подобри играчи
Ива Здравеска: “Јуниор Лигата“ како проект е одличен, кој ни овозможува да напредуваме и да се надоградуваме во подобри играчи

Ива Здравеска: “Јуниор Лигата“ како проект е одличен, кој ни овозможува да напредуваме и да се надоградуваме во подобри играчи

Повеќе од 23 ракометни школи низ цела Македонија и оваа сезона ќе се натпреваруваат во “Јуниор“ лигата и ќе се борат за највисок пласман на крајот од сезоната. Исто така  ја имаат шансата да се докажуваат и да ги надоградувааат своите знаења преку континуираните натпревари во оваа лига. Дел од овој проект е и ракометната школа Опш.Кисела Вода за која настапува Ива Здравеска. Таа игра за генерацијата родени 2004/05 година и ќе не запознае со нејзините почетоци во ракометот, како и за настапите и мислењето за “Јуниор“ лигата.

-Имам 13 години и тренирам ракомет четири години. Уште од мала имав желба да тренирам, но немав каде. Кога слушнав дека во Кисела Вода ќе се отвори ракометна школа веднаш се запишав и почнав да тренирам во училиштето “Невена Ѓорѓиева Дуња” под водство на тренерот Никола Велковски. Таму тренирав една година,а потоа не префрлија во салата на “Круме Кепески” каде тренирав три години. Моментално тренер ми е Симон Трајковски.

Ова е трета сезона во “Јуниор“ лигата за Ива, која има само пофални зборови за овој проект на ракометниот клуб Вардар, кој им овозможува да стекнуваат искуство преку континуираните натпревари.

vardarfans-junior-liga

-Во Јуниор Лига сум веќе три години. “Јуниор Лигата“ како проект е одличен кој ни овозможува да напредуваме, да се надоградуваме во подобри играчи и да запознаваме нови соиграчи од другите тимови. Според мене “Вардар јуниор лигата“ е еден навистина значаен проект од страна на РК Вардар се со цел да се откријат и усовршат младите надежни ракометни ѕвезди. “Вардар јуниор лигата“ за младите ракометари во подем е од огромно значење. Преку неа се натпреваруваме со останатите екипи и постигнуваме навистина добри резултати, а тоа не прави да се чувствуваме горди и ни дава мотив плус да продолжиме понатаму за уште поголем успех.

По две одиграни кола генерацијата 2004/05 на Кисела Вода има една победа и еден нерешен резултат.

-Оваа сезона ја започнавме успешно со еден победен и еден нерешен натпревар. Како тим во оваа сезона се залагаме за повисоко место, но морам да признаам дека два тренинга во неделата се многу малку.

Звонко Ивановски