Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Четврта последователна победа за младинците на РК Вардар, кои вечерва убедливо го совладаа Охрид 2013
Четврта последователна победа за младинците на РК Вардар, кои вечерва убедливо го совладаа Охрид 2013

Четврта последователна победа за младинците на РК Вардар, кои вечерва убедливо го совладаа Охрид 2013

Продолжуваат победите за младинците на ракометниот клуб Вардар, кои вечерва во спортскиот центар “Билјани извори“ ја победија домашната екипа на Охрид 2013, убедливо со резулрат 24:40.

Добрата форма во која се наоѓаат избраниците на Грчевски и Чивлачки ја потврдија и вечерва, откако убедливо го победија противникот. Уште по првите пет минути игра покажавме дека бодовите ќе заминат во Скопје, кога црвено-црните направија предност од 1:6. Намали за момент екипата на Охрид на 3:6, за Вардарци да вратат со два последователни голови и да имаат водство од 3:8. На секој постигнат гол на домашниот тим, нашиот состав возвраќаше со серија на погодоци. Така беше и во случајов, кога домашниот тим намали на 4:8, за Вардар со нова серија од 0:3 по 17 минути игра да има висока предност од 4:11. Нашата обрана функционираше беспрекорно и не му дозволувавме на противникот многу да се изнаигра. Оваа разлика се одржуваше се до резултат од 7:13, кога имавме фуриозен финиш, каде постигнваме четири голови во серија и на одмор заминавме со двоцифрена предност од 7:17.

Серијата продолжи и на стартот на второто полувреме, кога постигнавме два нови гола, за веќе да имаме високи и убедливи 7:19. Едноставно Охрид беше немоќен да стори нешто повеќе и како течеше натпреварот се повеќе тонеше пред брзото темпо на игра кое го наметна Вардар. Во 40 минута стигнавме и до предност од 10:25 и до крајот на натпреварот беше само прашање со колкава разлика ќе заврши овој натпревар, во корист на нашите младинци. Најмногу што успеаа да стори Охрид 2013 е да намали на 3 гола разлика (19:32), а највисоката предност која Вардар ја имаше беше 20:37. Тренерскиот тандем  на Вардар им даде шанса за настап на сите играчи, кои во најголем дел се запишаа во листата на стрелци. На крајот славиме со конечен резултат од 24:40.

Повторно најефикасен како на дербито со Металург и на овој натпревар беше десното крило, Ален Ќосевски кој го заврши натпреварот со 11 постигнати голови, колку што всушност постигна и на минатиот меч против тимот од Автокоманда.

РК Вардар: Мишоски 1, Миланов, Ќосески 11, Милошески 6, Митески 2, Крстевски 3, Петкоски, Олтовски 2, Бикоски 2, Мисаилески 2, Мајсторовски 1, Радуловиќ 3, Тушев, Ѓорѓиев 1, Нанов 6, Мицаноски.