Седма последователна победа за екипата на Вардар (3), тоа се играчи родени “2007“ година кои се натпреваруваат во повозрасната генерација родени “2006“ година.
Ново убедливо издание за избраниците на Томче Трајановски, кои продолжуваат убедливо да ги добиваат противниите, кои се повозрасни за една година, што има голема разлика кај овие категории во детската лига. Ниту тоа не ги исплаши Вардарци, кои одиграа одличен натпревар и забележаа нов триумф. Овој пат за противник ја имаа екипата на Виктори, која ја совладаа убедливо со резултат од 6:0.
Петар Мицевски беше играчот кој прв ја затресе мрежата на противникот и му донесе предност на Вардар од 1:0. Повторно борбеноста преовладуваше кај нашите млади надежи и желбата повторно да се победи. Стефан Младеновски беше следниот играч кој се запишува во листата на стрелци и кој му носи водство на Вардар од 2:0. Продолживме со нападите, кои резултираа со нов гол и тоа дело на најмладиот Александар Грашески, кој го зголеми резултатот на 3:0. Шанса да ја затресе противничката мрежа, откако Виктори направи три корни, доби и нашиот голман, Лука Јаневски кој успешно реализира за предност од 4:0. Втор гол на натпреварот и за Стефан Младеновски, кој го зголеми водството на 5:0, за конечниот резултат од 6:0 да го постави Марко Киш, со својот прв гол денес.