Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Задоволен сум од победата против шампионите во Бундес лигата -Карачиќ: Го исполнивме тоа што тренерот го побара од нас
Гонзалес: Задоволен сум од победата против шампионите во Бундес лигата -Карачиќ: Го исполнивме тоа што тренерот го побара од нас

Гонзалес: Задоволен сум од победата против шампионите во Бундес лигата -Карачиќ: Го исполнивме тоа што тренерот го побара од нас

И после осум одиграни кола не се најде противник кој може да го совлада Европскиот шампион. Вечерва екипата на Вардар го надигра Рајн-Некар и славеше трумф со резултат 30:26. Иако настапивме без двајца важни играчи, се работи за Циндриќ и Фереира, сепак тоа не претставуваше проблем за избраниците на Гонзалес да го срушат шамапионот на Германија. Во текот на целиот натпревар имавме предност, која највеќе достигна и седум голови разлика. Ова е вкупно седма победа во најсилната група А, каде остануваме на првото место на табелата, со големи шанси таму да завршиме и по одигрување на сите натпревари во групната фаза. По завршување на дуелот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати, Раул Гонзалес кој го изјави следново:

-Задоволен сум од победата против шампионите во Бундес лигата. Тоа е најдобрата лига и победата е многу значајна за нас. Рајн Некар секогаш игра одлично со седум играчи во напад и тоа веројатно го прави најдобро во светот. Ние имавме добро отворање и успеавме да најдеме начин за да успееме да се спротиставиме. Одигравме одлично во нападот и против Барселона, но мислам дека денеска бевме убедливо подобри и успеавме да прикажеме далеку подобра игра. Кога играш против тим кој има квалитетна одбрана и добар контранапад мора да бидеш на високо ниво, а ние денеска успеавме во тоа. Среќен сум бидејќи сме на првото место и со убава предност одиме на гостувањето во Германија следната недела.

Одличен на денешниот натпревар беше Игор Карачиќ, кој сам го понесе товарот на позицијата организатор на играта и играше важна улога во големата победа над Рајн-Некар.

-Рајн Некар прикажа одличен ракомет денеска. Убаво е да се гледа како играат, па тоа ни помогна добро да се подготвиме. Имавме долга подготовка за овој дуел и успеавме одлично да ги затвориме на почеток при одбраната „7 на 6″. Тоа е опасна игра, а ние го исполнивме она што тренерот го побара од нас. Можам само да им честитам на колегите.