Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема екипа што може да го победи тимот на Вардар, нова победа над директен конкурент за првата позиција
Нема екипа што може да го победи тимот на Вардар, нова победа над директен конкурент за првата позиција

Нема екипа што може да го победи тимот на Вардар, нова победа над директен конкурент за првата позиција

Нема тим што може да го победи европскиот шампион и оваа сезона 30:26 (17:13). Црвено – црните уште еднаш покажаа дека на домашен терен се непобедливи, водени од прекрасната црвено – црна армија на навивачи, Вардарци дојдоа до уште една важна победа за зацврстување на првата позиција на табелата.

6-2Првите 5. минути од натпреварот минаа во знакот на Вардар, нашиот тим имаше предност од 3:1, со головите на Борозан, и два гола на Чупиќ. Oдличната игра на Вардар продолжи и се до 10. минути кога резултатот гласеше 6:3. По водството од плус три тренерот на Рајн Некар побара минута одмор, во првите 10. минути Чупиќ постигна три погодоци. Одличната игра на Вардар продолжи и во следните пет минути, преку Дибиров во 16. минута Вардар дојде до највисоките плус четири 10:6. Вардар не застана, па затоа тренерот на Рајн Некар беше принуден да побара и втор тајм – аут, во 20. минута Вардар со голот на Борозан дојде и на плус пет. Највисоките плус седум Вардар ги достигна во 23. минута со гол на Дибиров. Во следните два напади Рајн Некар погоди за намалување на 15:10. До крајот на првиот дел неколку чудни одлуки имаше на штета на нашиот тим, но, тоа не ги попречи нашите играчи со сјајната игра да дојдат до плус четири на полувреме 17:13.

5-2Вторите пет минути од вториот дел поминаа доста изедначено со неколку голови на двете страни, со голот на Карачиќ во 38. минута Вардар дојде до плус пет 20:15. Во 40.минута со гол на Петерсен тимот на Рајн Некар дојде до нови минус пет, овој пат 22:17. Борозан беше расположен за игра и во вториот дел, до 40. минута нашиот лев бек постигна шест погодоци во мрежата на гостите. Со голот на Стоилов во 45. минута Вардар дојде до нови плус пет 23:18. Како се наближуваше крајот на дуелот така и поддршката за Вардар беше се по гласна. Стоилов продолжи со одличните игри, постигна нов втор гол во низа за нови плус пет во 48. минута 24:19. Во последните десет минути Вардар влезе со предност од плус шест 26:20. Последните десет минути Вардар рутински ги доврши за нова важна победа против директниот конкурент за првата позиција во нашата група.

Кај тимот на Вардар прв стрелец беше Борозан со седум голови, Чупиќ постигна шест, а пак  Кристопанс пет пати реализираше.