Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нови две победи на Вардар генерација 2006
Нови две победи на Вардар генерација 2006

Нови две победи на Вардар генерација 2006

Две победи од исто толку натпревари забележа генерација 2006 на Сашо Јанев. Играчите на Вардар беа поуспешни од тимовите на Грозданоски и Кул денеска на терените на ФФМ.

Вардар (2) одигра натпревар против тимот на Грозданоски, овој меч лесно и убедливо црвено – црните го добија со резултат 7:1. Уште од самиот старт Вардар започна напаѓачки кон голот на противникот во првите неколку минути од дуелот стрелаше прв Миовски Аце за предност од 1:0, двојната разлика ја направи Танчев. Потоа следуваше офанзива на противничкиот тим, нападите вродија со плод па така Грозданоски намали на 2:1. За нова предност од два гола се погрижи Лука Митревски, четвртиот гол за Вардар пак го постигна Михаил Танчев за веќе убедливи 4:1. До крајот уште шанса имаше и Олег Михајловски но остана 4:1 на полувреме. Во вториот дел Чониќ се обиде со удар од 15 метри но само над голот на противникот, потоа се закани и Дамјан Таневски но исто така над голот на противникот. На средината на вториот дел беше досуден и пенал за Вардар, сигурен реализатор беше Цониќ за убедливи веќе 5:1. Со овој резултат и заврши дуелот.

cdcdcxcacsacsaВардар (1) го победи Кул (2) со убедливи 5:0. По првиот дел Вардар имаше предност од 1:0, Дарко Сековски уште во првата минута со прецизен шут на прва од голема далечина во десниот горен агол, на асистенција на Димитар Порчу погоди во мрежата на противниците. Во вториот дел Вардар беше расположен за голови, прв погоди Марко Николовски по одличната акција на Дарко Сековски, Давид Голубов и Стефан Коловски за 2:0. Третиот погодок беше дело на Стефан Коловски по одличниот и борбен соло пробив. До крајот на натпреварот во листата се запишаа и Олег Трифуновски по акцијата на Стефан Коловски и Марко Николовски и повторно Дарко Сековски кој погоди со прецизен и силен шут од голема далечина за конечни 5:0.