Чудото од ракометар и вистинското открите од изминатава сезона, Александер Деревен ќе имаме можност од август да го гледаме во црвено-црниот дрес. Деревен се обврза со тригодишен договор со екипата на Вардар. Се работи за многу млад надежен ракометар кој беше и во изборот за најдобар млад играч за сезоната која помина. Во тој избор победи уште еден наш ракометар, шпанецот Алекс Душебаев.
Во последниве три години настапуваше за Чеховски Медведи, каде во последнава натпреварувачка сезона беше нивни најдобар стрелец постигнувајќи 62 голови. Овие погодоци беа само во групната фаза, со оглед дека тимот од Русија не успеа да се пласира во елиминационите рунди. Настапува и за Руската репрезентација.
На позицијата лев бек во Вардар се уште и неговиот сонародник Сергеј Горбок, капитенот Филип Лазаров и Блаженко Лацковиќ. Конкуренцијата е голема, но и сезоната е долга и исцрпувачка и ваквите играчи можат многу да придонесат во успесите на тимот. Неговите играчки квалитети и голови од изминатава сезона во Лигата на Шампионите можете да ги погледнете на видеово.