Најавите се реализираа сега и официјално, Фелипе стана нов играч на Фк Вардар.
Фелипе доаѓа од Цска Софија, каде што мина една година и успеа да запише 28 натпревари, со 3 постигнати погодоци. Ова ќе му биде втора сезона во Европа на Фелипе.
Фелипе е играч од средината на теренот, и се очекува да донесе свежина и новитет во играта на Вардар.
Фелипе се приклучи во Австрија, и еве што изјави за официјалниот сајт на Фк Вардар
„Феноменални услови ми понудија од Вардар, и ги прифатив. Исто така ми соопштија дека амбициите на клубот се огромни и дека сака да стигне што подалеку во Лигата на шампионите, а во Македонија да ги освои сите три круни. Затоа и дојдов тука, се најдовме со амбициите, и сега ми останува само да дадам се од себе добро да се подготвам и да се наметнам кај стручниот штаб. Се надевам дека ќе ја добијам шансата да играм за овој клуб. За Вардар знам само дека е најдобриот тим во Македонија и дека има најмногу титули. Тоа доволно кажува дека е екипа со богата традиција“, рече Бразилецот.
Фото:fkvardar.mk