Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Желбите на црвено-црните: Партизан , Скендер, Селтик , Лех Познањ ,…
Желбите на црвено-црните: Партизан , Скендер, Селтик ,  Лех Познањ ,…

Желбите на црвено-црните: Партизан , Скендер, Селтик , Лех Познањ ,…

Утре е долгоочекуваниот 22ри ден кога ќе го дознаеме нашиот противник во второто коло на Лигата на Шампионите . Желбите се различни на сите нас на клубскиот сајт излегоа желбите на црвено-црните кој тие ги посакуваат за ова важно соочување погледнете ги :

АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (ТРЕНЕР)
„Сакам да ни се падне Скендербег. Тоа е тим кој што можеме да го минеме, и имаме реални шанси да се пласираме понатаму и да обезбедиме потоа уште најмалку четири натпревари во Европа со силни противници. Тоа е мојата желба, да паднеме со некој од послабите противници за да можеме да поминеме понатаму. Како и да е, кој и да ни се падне, сметам дека имаме шанси“

БОБАН ГРНЧАРОВ
„Не сакам само да играме со АПОЕЛ. Тој тим би сакал да го избегнеме. Партизан од Белград е мојата желба затоа што е атрактивен противник и тим кој ќе ни донесе полн стадион, и имаме шанси да поминеме. Се надевам дека ќе не послужи и среќата во оваа ждрепка“

ЗЛАТКО ТАНЕВСКИ
„Моја желба е Лех Познањ. Играв таму и нивните навивачи прават една фантастична атмосфера пред која е вистинско уживање да се игра. Згора на тоа е противник со кој што можеме да се надигруваме и да го минеме. Затоа што фудбалот таму во моментов доживува еден мал пад. Сепак, ние сме аутсајдери во оваа ждрепка и сигурно дека ќе не чека тешка задача, но никако не смееме да се потценуваме самите себе си без разлика на исходот од оваа ждрепка“

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ
„Без разлика на тоа кој ќе ни биде противник, имаме шанси да го минеме. Се зависи само од нас. Работиме напорно за да се подготвиме за тој предизвик кој ни следува. Кога веќе ме прашувате, нека дојде Селтик. Од никого не треба да се плашиме“

ТОМЕ ПАЧОВСКИ
„Скендербег, Карабах или Хелсинки. Со тие тимови имаме шанси да поминеме понатаму. Не дека и со другите немаме, но мислам дека со овие противници ни се реални шансите. Подобро сега да ни падне некој послаб, а потоа во третото коло некој атрактивен. Инаку исто така би сакал со Бате Борисов или Стеауа. Знам дека тие два тима го елиминираа Вардар во Лигата на шампионите, и сега ние кои го носиме дресот на Вардар да им се одмаздиме“

ДАРКО ВЕЛКОВСКИ
„Мојата желба е Хелсинки. Играв против овој тим во минатата сезона и мислам дека не се ништо посебно, и екипа која може да ја поминеме и да се пласираме понатаму во третото квалификациско коло. Ако успееме да минеме, тогаш за нас би било голем успех“