До крајот на оваа календарска 2017 годинава на тимот предводен од Гонзалес Раул му остануваат за одигрување уште два натпревари во Лигата на шампионите и четири натпревари во регионалната СЕХА Газпром лигата. На половината од нив т.е на три сме домаќини, а трипати играме во гости. Веќе е познат терминот за дуелот СЕХА Газпром лигата, односно македонското дерби со тимот од Автокоманда, РК Металург.
Натпреварот со сино-белите е закажано за 9-ти декември во СЦ „Јане Сандански”-Скопје. Истиот ќе се игра во 20-45 часот. На првиот меѓусебен дуел сезонава во СЕХА, вардаовиот тим победи во СЦ „Борис Трајковски” со 32-23. Момците од РК Вардар се лидери во СЕХА лигата, каде им остануваат уште четири натпревари за играње до крајот на годинава.
Натпревари во СЕХА Газпром лигата
28.11.2017 Нексе – Вардар (19 часот)
05.12.2017 Вардар – Војводина (17,30 ч.)
09.12.2017 Вардар – Металург (20,45 часот)
13.12.2017 Горење – Вардар (20,45 часот)