Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак: Се надевам дека ќе одиграме подобро и дека ќе оствариме подобар резултат од првиот натпревар
Новак: Се надевам дека ќе одиграме подобро и дека ќе оствариме подобар резултат од првиот натпревар

Новак: Се надевам дека ќе одиграме подобро и дека ќе оствариме подобар резултат од првиот натпревар

Вардар веќе се наоѓа во  Санкт Петербург каде утре го игра натпреварот од претпоследното коло од лигата на Европа. Нашиот шампион гостува во Русија, на екипата на Зенит. На првиот меч одигран во Скопје, противникот славеше убедливо со резултат 0:5. Вардар одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за утрешниот натпревар. На истата зборуваше стоперот на црвено-црните, Евгениј Новак кој го изјави следново.

-Не очекуваме дека ќе биде лесно, затоа што знаеме дека Зенит е добра и силна екипа дека играат многу добро. Тие играат често во Лигата на Европа. Имаме само порази во првите четири натпревари, но не чека нов натпревар во кој ќе се бориме да оствариме овој пат добар резултат. Пред нас се уште два натпревари во групната фаза од Лигата на Европа, и се надеваме дека ќе играме подобро и дека ќе оствариме подобри резултати од претходните.

Новак се надева дека публиката ќе ужива на утрешниот натпревар.

-Силен состав има Зенит со силни играчи како Дзјуба, Кокорин, од оваа сезона имаат стадион кој што е спектакуларен. Очекувам тоа да биде една убава вечер за сите кои ќе дојдат на стадионот и ќе имаат можност да уживаат во натпреварот. Ние со нетрпение го очекуваме мечот.