Фудбалскиот клуб Вардар првпат денес одигра првенствен со тимот на ФК Академија Пандев во ПМФЛ. Момците на “Четка“ дојдо до победа со резултат 0-2. Чедомир Јаневски, шефот на стручниот штаб ги искажа своите импресии после победата над Академија Пандев
Ние денеска победивме како тим, им дадовме шанса на добар дел на играчи кои не играа на мечот со Зенит и мислам дека ја завршивме добро задачата. Оваа победа ни дава една позитивна енергија пред натпреварите со Шкупи на кои посакуваме да продолжиме со серијата на победи. Денеска игравме со една екипа која што е нов прволигаш и имаше желба да се прикаже во добро издание, и против екипа која што тешко губи бодови дома. Дојдовме до четвртата победа во првенството по ред, и на последните пет натпревари освоивме 13 бода. Задоволен сум од прикажаното, на стартот малку ни недостасуваше да влеземе вистински во наптреварот. Противникот имаа само една шанса во првото полувреме, а ние целосно го контролиравме мечот. Изненаден сум само од лошиот терен кој што беше проблем и за нивниот тим и за нашиот да прикажеме игра. Желбата постоеше, ние ги искористивме шансите и задоволни се враќаме со три бода.