Изминатиов период ракометниот клуб Вардар учествуваше во акција, донација на книги за Македонците, кои живеат во Нашице. Секој кој донираше клнига, добиваше гратис две влезници за натпреварите на ракометниот клуб Вардар, а беа собрани над 260 книги, кои беа предадени на библиотеката во Нашице, непосредно пред натпреварот со екипата на Нексе.
-Со ракометниот клуб Нексе имаме добри односи и соработка, и веднаш го прифативме нивниот предлог да направиме една акција со која ќе излеземе во пресрет на македонската заедница во Нашице. На последните два натпревари на Вардар секој посетител кој донесе книга доби две бесплатни влезници за натпреварите. Успеавме да собере над 260 книги, од кои дел се од македонски автори, а дел се од светски автори кои се преведени на македонски јазик, истакна Марко Савовски.