Во сабота тимот на Вардар ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа календарска година. Беспрекорната година Вардар сака да ја заокружи со триумф на домашен терен против тимот на Кристијанштад.
За овој дуел ЕХФ одреди судиска двојка од Украина, станува збор за Тараз Коз и Виктор Жоба. Оваа судиска двојка речиси и да не му ја делела правдата на Вардар, можеби за прв пат ќе гостуваа во Скопје кај европскиот шампион.
Дуелот ќе се одигра во сабота со почеток во 17.30 часот.