Младинците на РК Вардар во младинската лига во рамки на шестото коло во СРЦ Кале ја пречекаа екипата на Еурофарм Работник од Битола. Нашите момци кои се предводени од Чивлачки и Грчевски триумфираа во еден дуел во кој целосно доминираа со резултат 41-20 (23-9). Со новиот успех стигнавме до петта победа по ред сезонава, со што сме и првопласирани на табелата во нашата група.
Во дуелот момците на Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски влегоа жестоко од почетокот па по неколку минути игра веќе имаме “плус четири“, 5-1. Противникот одговори со гол, а ние со два за 7-2, по што клупата на ривалот побара минута одмор. На средината од првиот дел веќе се насетуваше нашата победа кога поведовме со високи 11-3. Во второт дел од првите 30.минути имавме слична динамика, на одмор заминавме со “плус четиринаесет“, на семафорот во салата “Кале“ стоеше 23-9 на паузата.
Во второто дел постигнавме помалку голови отколку во првите 30 минути, предноста беше голема, а ние стрелавме умешно 18 пати. Сепак тоа беше далеку повеќе од она што успеаја да постигнат гостите. Најголемата предност што ја имавме на натпреварот беше “плус двесет и два“ гола при резултатот 40-18, во финишот гостите намалија на 41-20. Кај нас први стрелци беа Васе Наков и Ален Ќосевски со по 7 гола, апак Христи Бикоски имаше 5 погодоци.
ВАРДАР: Кристијан Анѓелковски 1, Марио Миланов 4, Ален Ќосевски 7, Христијан Милошески 4, Артан Алији, Виктор Крстевски 3, Брајан Петкоски, Давид Олтовски 2, Христи Бикоски 5, Антониј Мисаилески 2, Мартин Мајстороски 2, Предраг Радуловиќ 1, Александар Тушев, Игор Ѓорѓиев, Васе Наков 7, Андреј Мицаноски 3.