Веќе и официјално се е јасно, за жал од редовите на Вардар по завршувањето на оваа сезона си заминува број еден ракометниот голман во Европа, Арпад Штербик. По официјалното заминување на Штербик, сега сите погледи се насочуваат кон неговиот наследник и прв голман на Вардар од следната натпреварувачката сезона.
Многу потенцијални имиња играат значајна улога да го облечат дресот на Вардар и да застанат помеѓу стативите. Во овој момент сепак, далеку од Вардар се голманите од Бундес – лигата, Ландин и Апелгрен.
Останува да видиме Вардар за како тип на голман ќе се одлучи.