Вардар продолжува да “гази“ во регионалната СЕХА лигата каде што е актуелен поседувач на титулата. Момците на Гонзалес лесно и рутински го совлада Нексе со резултат од 21-30. Штербик доби “поштеда“, но неговата замена беше на висина на задачата. Милиќ-Џамбо имаше 13 одбрани од кои и два седмерца, една величенствена одбрана која потсетува на тие на Штербик беше одбрана за потег на дуелот.
Видеото од одбраната на популарниот “Џамбо“ може да го видите- ТУКА!