Денес во Тетово се одигра реванш натпревар од четврфиналето на купот, помеѓу младинските екипи на Шкендија и Вардар. Мечот заврши со нерешен резултат 1:1, но поради повеќе постигнати голови на гостински терен, екипата од Тетово е таа која се пласира во полуфиналето на националниот куп. Првиот дуел одигран на теренот на Академијата заврши со нерешен резултат 3:3, иако Вардар на тој меч прокоцка предност и од 2:0, за Шкендија да направи комлетен резултатски пресврт.
Денес во Тетово, противникот прв успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0, со гол во 22 минута од дуелот. Овој резултат беше актуелен и на полувреме. После враќање на теренот поради повреда, Јакуп Бериша покажува дека се наоѓа во одлична форма и тој погодува речиси на секој меч за младинскиот состав на Вардар. Така беше и на овој меч, кога Бериша успева во 58 минута да ја затресе противничката мрежа и да донесе израмнување на 1:1. Сепак до крајот немаше промена на резултатот и натпревари заврши нерешено 1:1.
ФК Вардар: Велковски, Дишлиевски, Антовски, Ѓорѓиески, Серафимов, Димов, Јахја, Наумчески, Ибиши, Реџпи, Бериша.
Во игра влегоа уште и Милковски, Маркоски и Трајчевски.
После елиминацијата во купот, младинците на Вардар ќе се насочат на настапите во првенството, каде исто така заостануваат зад лидерот Шкендија.