Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лесно му е на Вардар со вакви “киксови” на противничките екипи
Лесно му е на Вардар со вакви “киксови” на противничките екипи

Лесно му е на Вардар со вакви “киксови” на противничките екипи

Лесно му е на РК Вардар да стигне до првата позиција и оваа сезона во ракометната Лига на шампиони. Во Групата А во која се наоѓа нашиот тим, денеска беше одигран еден дуел во рамките на последното 10. коло за оваа календарска година. Тимот на ППД Загреб на домашен терен го нагости тимот на Рајн – Некар Левен кој минатата недела одигра нерешено со нашиот тим Вардар.

Разочарувачко издание за шампионот на Германија, кој никако не може да ја пронајде својата игра. Откако се играше израмнет натпревар, екипата на ППД Загреб започна резултатски да се одлепува после 15 минута од мечот и на десет минути пред крајот на првото полувреме, за прв пат стигна до четири гола предност (12:8). За момент, Рајн-Некар постигна два гола во серија и намали на 12:10, за во 27 минута, домашниот тим да ги врати четирите голови разлика (16:12) и на полувреме да замине со резултат од 17:13.

Уште полоша игра во второто полувреме за шампионот на Германија, кој никако не можеше да го пронајде патот кон голот на Кастелиќ и Скок. За дури 13 минути игра во вториот дел, гостинот постигна само два гола, наспротив шест на Загреб, за во 43 минута да стигнат веќе до убедливо водство од 23:15. Ниту Јакобсен не знаеше што им се случува на своите избраници, а Загреб како препороден под водство на новиот тренер беше решен да победи. На десет минути пред крајот Рајн-Некар се закани кога успева да намали на 27:21, но следеа пет минути каде двете екипи не постигнаа гол, а времето работеше за Загреб. До крајот конечниот резултат гласеше 30:26.

Со оваа победа Загреб му направи и услуга на Вардар, сега Рајн Некар има четири бодови помалку од нашиот Вардар но и натпревар повеќе. Со победа во сабота, Вардар ќе замине на големи плус пет во однос на овој тим. Значи веќе е се јасно, Вардар заедно со Барса ќе ја водат битката за првата позиција во групата А која носи директен пласман во 1/4 финалето.