Женската екипа на Вардар Јуниор го доби дербито со екипата на Куманово и на тој начин се одмазди за поразот од првиот натпревар одигран во Куманово.
Во првите 15 минути од мечот гледавме рамноправна игра и ниту една од двете екипи не можеше да се одлепи на разлика поголема од еден гол. Одбраните беа на своето ниво и тешко се доаѓаше до головите на двата тима. Сепак избраничките на Симе Симовски се прави кои прават серија од четири последователни голови и успеваат да поведат со 8:5. Ова беше клучен период на натпреварот, за Вардар Јуниор по истекот на првите 30 минути да има предност од 15:11. Борбеноста беше главна одлика на младите Вардарки, кои беа решени да ги освојат сите бодови на овој дерби меч.
Куманово не ни сакаше да помисли, пред време да го загуби овој натпревар, па гостинските постојано ја топеа нашата предност. По десет минути игра во вториот дел, Куманово стигна до само еден гол заостанување, но црвено-црните со два гола во серија, повторно се одлепија на солидни три гола разлика. Натпреварот започна од почеток, кога гостинската екипа искористи лоши пет минути на Вардар и успева по долго време да го израмни резултатот. Сепак во последните осум минути од мечот, подобро се снајде Вардар Јуниор кој успева да стигне до триумф, изразен со резултат 29:26.
Ова е вкупно шестта победа за Вардар Јуниор во супер лигата. Леонида Гичевска беше убедливо најефикасна со 10 голови, додека Божиноска додаде 5.
ВАРДАР ЈУНИОР: Кицеска (6 одб., 1 сед.), Илиќ (1 одб.), Реџеп 1, Николовска 3, Карчева, Стефановска, Вељановска, Атанасова, Трпеска 4, Георгиевска, Диневска 2, Божиноска 5, Филиповска, Гичевска 10, Иванова, Николиќ 4.