Она од што стравуваа навивачите на Вардар се оствари, дефинитивно по крајот на сезоната Арпад Штербик го напушта Скопје и кариерата ја продолжува во Унгарија. Шампионот на таа земја, Веспрем утрово објави дека со искусниот чувар е потпишан двегодишен договор со почеток од 1 јули 2018 година до 30 јуни 2020 година.
По заминувањето на Мирко Алиловиќ во ПИК Сегед унгарците го донесоа нашиот голман кој бранеше за нив во периодот 2001-2004 година. Арпад дојде во Скопје од тимот на Браселона, тоа беше првпат во македонскиот спорт да се донесе играч од толку звучен тим во нашата земја. За време на престојот во црвено-црниот табот ги освои срцата на скопјани и сите македонски ракометни гледачи. Вгради огромен дел во европската круна, СЕХА титулата и домашните титули. Имавме среќа во Скопје да го гледаме еден од најголемите во овој спорт, останува приликата да уживаме во неговите мајстории до почетокот на летото.
Фала Кралу за с`е !!!