Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Томче Трајановски, Вардар генер.2007 ја “наполнија“ мрежата на ФК Македонија ЃП
Момците на Томче Трајановски, Вардар генер.2007 ја “наполнија“  мрежата на ФК Македонија ЃП

Момците на Томче Трајановски, Вардар генер.2007 ја “наполнија“ мрежата на ФК Македонија ЃП

Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија во скопската населба Ново Лисиче се одигра ново коло во детската лига. Генерацијата родени 2007 која ја води Томче Трајановски денес одигра еден дуел, во кој се сретна со тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров. Во оваа средба црвено-црните дојдоа до висока победа со резултат 9-1 (4-0).

2

По првото полувреме во кое целосно доминираа нашите момци се знаеше кој ќе дојде денес до победа на овој дуел. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра, имавме посед, шанси и реализација на дел од истите. Успеавме во првото полувреме да постигнеме четири гола, а создадовме и дузина други прилики кои не ги реалзииравме. Стрелци на погодоците кај нас беа тројца момци, еден гол постигна одбранбениот играч Милош Спасовски, еден погодок имаше Борјан Томовски и двоен стрелец во првиот дел беше Александар Грашевски. Покрај тоа пенал кој не го претвори во гол имаше Јордановски Михаил, шанса пропушти и Стефан Младеновски во првиот дел. Последна прилика во првиот дел имаше Младеновски чии удар го одбрани голманот на Ѓорче Петров. Дуелот во најдолем дел се играше на мокар терен и под постојан дожд што не ги спречи нашите момци да одиграат еден допадлив натпревар.

3 4

Во вториот дел дел почнавме како и во првиот со теренска надмоќ и создавање прилики за погодок. Први две шанси за да ја затресе мрежата на нашиот ривал ги имаше Емир Шаботиќ. Во првата ја погоди мрежата од надворешната страна, а во втората голманот беше поуспешен во нивниот дуел.  Потоа со удар дистанца се заканивме преку Милош Спасовски чии удар заврши во рамките на голот за наша предност со 4-1.  Следеа минути во кои брзо го скршивме отпорот на противникот и ја зголемивме нашата предност. Најпрвин Стефан Младеновски погоди за 5-1 по одлична асистенција на Александар Грашески кој пак доби топка во празно од Шаботиќ.  Нова мајсторија видовме и при следниот гол, Александар Грашески беше во соло налет ги исфрли чуварите и погоди за веќе високи 6-1.  Две прилики имаше и Иван Стојановиќ едно по друго, во првата голманот ја одбрани неговата “топка“, а во втората Иван успеа да ја затресе мрежата и да постигне гол за 7-1.  Противникот имаше пенал, со одлична парада нашиот голман Даниел Исајловски го зачува својот гол и исфрли во корна. До крајот се беше рутина, успеавме да погодиме уште два пати во овој дуел. Најпрвин за 8-1 погоди Филип Кузаревски, а потоа  Иван Стојановиќ стави “печат“ на победата со голот за 9-1. Токму со тој резултат ние триумфиравме денес на овој натпревар.