Исто како и генерацијата 2010, така и генерацијата 2008 со победи ја завршија есента во Детската лига. Играчите на Павел Неделковски денеска одиграа и славеа победи над екипите на Фамос и Шкендија А.
Вардар (1) во еден возбудлив натпревар со многу голови го победи тимот на Фамос. Првата средина од првиот дел мина без голови, одма потоа следуваше прв гол за Вардар дело на Матеј Киш. Одма потоа следуваа на брзина и два гола дело на Арти Азизи за комотна предност од 3:0. До крајот на првиот дел шанси кај Вардар имаа Киш и Бранковски, но не беа искористени.
Вториот дел започна со подобра игра на Фамос, со две добри одбрани Грчевски спаси голови за Вардар, потоа следуваше првиот за Фамос за намалување на 3:1, одма потоа следуваше и нов гол на Фамос за 3:2. По овој гол со гипс на раката во игра кај Вардар влезе Ненад Дамјаноски. По неговото влегување во игра се осети предноста за Вардар, па така со два гола во серија, еден од пенал го донесе Вардар повторно на комотна предност од 5:2. До крајот следуваше уште еден гол на Фамос за конечни 5:3.
Потоа се сретнаа екипите на ФК Вардар (2) генерација родени 2008 година и екипата на ФК Шкендија од скопско Арачиново. Во овој дел нашите момци дојдоа до победа со резултат 8-2 на овој натпревар.