Вечерва во С.Ц. Јане Сандански имаше нов ракометен спектакл, во кој Европскиот шампион беше домаќин на екипата на Кристијанштад. Вардар и по овој дуел остана единствениот тим кој се уште нема пораз оваа сезона во ЕХФ Лигата на шампионите и со триумф ја заврши оваа 2017 година, која е најуспешна во историјата на клубот. Момците на Гонзалес денеска дојдоа до триумф со резултат 31-15(14-8).
Дуелот почна со одбранет напад на нашите момци, кој во напад го “награди“ со погодок од крило Дибиров со чив погодок поведовме со 1-0 на овој натпревар. Се играше бавно со малку погодоци на почетокот во 7.минута на семафорот во С.Ц “Јане Сандански“ стоеше 2-2. На нашиот гол Штербик врза неколку интервении, иако можевме тоа да го искористиме за поголема предност сепак дел од нападите не ги претворивме во гол, со погодокот на Дибиров во 13.минута поведовме со 4-2. Четири минути потоа во 17.минута првпат денес црвено-црните отидоа на “плус три“, од пенал Дибиров стелаше умешно за 6-3 по што клупата на Кристијанштад побара “минута одмор“. Вардарци во продолжение беа подобар противник па во 24.минута успеаа да имаат двојно повеќе гола од противникот, не поведовме со “плус пет“, 10-5 со голот на Игор Карачиќ. Штербик вечерва повторно беше неверојатен, тоа што он беше бравурозен на голот ни овозможи да се одлепиме на 13-7 во 28.минута од натпреварот. До крајот двата колектива постигнаа по еден гол, не со комотна предност од шест погодоци, односно со резултат 14-8 заминавме на одмор.
Вториот дел почна со погодок за црвено-црните, со голот на Чупиќ првпат отидовме и на “седум плус“ тој стрелаше во првиот напад за резултат 15-9. Со одбраните на Штербик и одличните акции во напад во 38.минута успеавме да поведеме со двоцифрена предност, “десет плус“, 18-8. Гостите немаа сеуште гол па тоа беше “аларм“ да побараат минута одмор. Гостите успеаа да постигнат прв гол дури во 39.минута во вториот дел кога намалија на 19-9, но веднаш во напад Карачиќ погоди за 20-9 и ја врати предноста на 11плус. На средината на вториот дел во 15.минута поради шоуто на Штербик противникот имаше постигнато само еден гол, тоа ние го искористивме и со голот на Фереира поведовме со 23-9. Гонзалес направи серија измени, специјалистот за одбрана, Абутовиќ реши да го одмара, во игра го уфрли Војовдиќ и Шишкарев. Штербик редеше интервенции, секоја една од друга поубав, бранеше пенали кои во салата донесоа возбуда, тој имаше еден примен гол се 21.минута кога гостинот намали на 25-10 на овој натпревар. Во последните пет минути влеговме со преност 29-14 , во нашата игра во офанива во овие минути доприност имаше Циндриќ кој играше на ниво. Се до крајот беше формалност ние победиме со 31-15.
Кај нас прв стрелец беше Дибиров со 7 гола, Карачиќ имаше постигнато 5 погодоци., секако Шербик беше играч на мечот со двоцифрен број одбрани.