Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Нашата одбрана беше одлична, Карачиќ: Вечерва се функционираше одлично
Гонзалес: Нашата одбрана беше одлична, Карачиќ: Вечерва се функционираше одлично

Гонзалес: Нашата одбрана беше одлична, Карачиќ: Вечерва се функционираше одлично

По победата вечерва, РК Вардар го зацврсти лидерското место на табелата во група А од лигата на шампионите. Нашите момци дојдоа  до триумфот над Кристијанштад 31-15, поставувајќи нови клупски рекорди. Ова е највисока победа во клупската историја во ЛШ, водедно  продолжува серијата од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ и 20 натпревари по ред сезонава без пораз. По мечот на пресконференцијата тренерот на црвено-црните и Карачиќ изјавија:

Раул Гонзалес – тренер на Вардар
Многу сум задоволен од она што го направивме на теренот против Кристијанштад. Минатата година истиот ривал одигра одлично во Скопје, но од тој дуел научивме многу исто како и од нивните средби против ПИК Сегед и Барселона и тоа ни помогна. Кристијанштад има одличен тренер и затоа можам да бидам задоволен. Среќен сум бидејќи сме во одлична ситуација. Прво место сме и тоа е одличен податок за нас пред паузата. Нашата одбрана беше одлична. Особено во второто полувреме бевме супер, а тоа ни отвори простор за контри. Моите играчи дадоа се од себе и тоа донесе победа

Игор Карачиќ – играч на Вардар
Не знам што се случи со Кристијанштад бидејќи никој од нас не очекуваше дека ќе успееме да забележиме ваква победа. Игравме одлична одбрана, а бевме на ниво и во нападот. Едноставно на овој натпревар фунционираше се. Можам само да им честитам на моите момци за борбеноста и одличната партија. Ова беше неверојатен меч на кој сите имавме голем придонес.