Вечерва со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански, нашиот шампион го игра последниот натпревар за оваа година во Лигата на Шампионите. Противник ни е екипата на Кристијанштад, тим кој ќе биде наша последна “пречка“ во оваа календарска 2017 во елитната лига каде ја браниме титулата освоена ова лето во Келн. Момците се на терен и се подготвени за предизвикот.
