Кадетите на Вардар предводени од Колев, стигнаа до втората последователна победа, откако во неделата славеа на гостувањето во Струмица, против екипата на Академија Пандев. Денеска црвено – црните се радуваа на победа против тимот на Шкупи 3:1 (3:1).
ФК Вардар: Тимевски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, М.Младеновски, Ѓурковски, Дарлишта, Адем, Благојевиќ, Димоски и Ибиши. Играа уште и : Илиевски, Димов, Хасановиќ, Манасиевски, Младеновски, и Филиповски.
Првото полувреме ги донесе сите голови на оваа средба, прв кој погоди и го отвори резултатот на овој дуел беше брзоногиот играч на Вардар, Кренар Дарлишта за 1:0 во 15.минута. Потоа следуваше и дуплирање на предноста на Вардар преку Бојан Димоски 2:0 во 24.минута. Гостите од Чаир на овој дуел, се вратија со гол минута потоа за намалување на резултатот на 2:1. За мирни “плус два” (3:1) на полувреме се погрижи Џемаил Ибиши, тој погоди во 44.минута од дуелот.
Во вториот дел Вардар успеа да ја сочува предност од два гола и да слави значајна победа во борба за првите места со екипите на Шкендија и Македонија ЃП.