Професорот Љубиша Пешко повеќе нема да ја извршува улогата која ја имаше во борачкиот клуб Вардар, шеф на стручен штаб. Истиот беше сестрано предан на проектот “Вардар“ со цело срце, енергија и желба. Покрај одличните успеси на Вардар создаде “база“ за црвено-жолтата селекција. Тој веќе нема да биде на оваа функција, тоа е негова лична одлука. Како што вели:
Мојата визија во поголеми рамки се оствари. Создадов репрезентативци кои единствено направија резултати и успеси за македонското борење на официјалните UWW-натпревари и во Бундес лигата. Вардаровите борачи откако бев поставен на фунцијата во 2012 година до сега ја преставуваа Македонија на :
-Кадетски СП и ЕП
-Јуниорски СП и ЕП
-Европските игри во Баку
-Престижни меѓународни турнири
- Светски и Европски првенства за сениори
- Лицензиони квалификации за ОИ
Единствено жалам што не успеавме да обезбедиме пласман на Олимписките игри во Рио-2016. Тоа ми беше приоритет, но и сами знаете дека постигнавме одлични резултати, како и секогаш со свои сили, но не само против ривалите туку со борба против многу опструкции и саботажи. Горд сум што создадов управа, млад потенцијал и стандардни репрезентативци кои ќе донесат уште многу успеси за Република Македонија.
Им посакувам на сите здравје, среќа и успех- вели Проф. Пешко.
*Вардарфанс му благодари на Професорот за се што “вгради“ во црвено-црниот бренд и му посакуваме успех во понатамошните активности.