Како што донесува дневниот спортски весник “Македонски спорт“ од идната сезона на црвено-црниот гол ќе биде српскиот голман Дарко Станиќ. Вардар очигледно ќе има српско дуо помеѓу стативите бидејќи актуелен договор има и Милиќ-Џамбо со црвено-црниот тим.
Покрај ова во истата вест се вели дека веќе во завршна фаза се договори со руски засилувања за бековските позиции. Интересно е да се види голманот кој во минатото беше дел од ривалот РК Металург и имаше специфичен “однос“ со црвено-црната публика. Руските бекови се млади момци на 23 годишна возраст станува збор за десниот бек Дмитри Киселев и левиот бек Дмитри Санталов.