Раул Гонзалес – тренер на Вардар
„Ова е дерби со Металург. Мислам дека ќе биде добар меч, зашто секогаш меѓу овие две екипи има добар натпревар. Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па ќе го чекаме последниот тренинг. Очекувам интензивен меч како и секогаш. Очекувам публиката да биде во сала. Ние сме фаворит, но треба и така да се однесуваме.
Стојанче Стоилов – капитен на Вардар
„Градско дерби и меч со посебен карактер. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога, и нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен каракет. Се надевам дека ќе дојдам повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски.