Нашиот женски ракометен шампион, екипата на Вардар славеше во дуел со “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор, кој го совлада убедливо со резултат 10:45. Овој натпревар се одигра во малата сала на С.Ц. Јане Сандански и очекувано им припадна на поискусниот и подобриот состав на Вардар. Помладите вардарки имаа слабо полувреме, кога за 30 минути успеаа да постигнат само два гола, напротив Вардар кој постигна 23, по што беше јасно каков тек ќе има натпреварот. Во вториот дел само растеше предноста во корист на Вардар, за на крајот да испадне убедлив триумф. Ова беше 13 последователна победа од исто толку мечеви за тимот на Вардар, додека Вардар Јуниор го претрпе четвртиот пораз, а има уште и седум победи и два нерешени резултати. На денешниот меч најефикасна кај Вардар беше Кузнецова која постигна 11 голови. Ова инаку беше трет триумф за Вардар во серија и тоа во три дена, откако претходниве два дена славевме на гостувањата во Куманово и Прилеп.
Вардар јуниор: Илиќ, Реџеп, Николовска, Карчева 1, Стфановска 1, Кицеска, Вељановска, Атанасова 1, Трпевска 1, Ѓеорѓиевска 1, Диневска 1, Божиноска 2, Иванова 1, Николовска.
Вардар: Саздовска 3, Кузнецова 11, Лазовиќ, Мицевска, Ристова 9, Керамичиева 8, Чанаџија 1, Суслина, Хмирова 5, Петровиќ 4, Гичевска 1, Николиќ 2.