Фк Вардар генерација “2003“ втора година по ред го освојуваат традиционалниот турнир “Караорман куп“ кој се играше во Струга, на градскиот стадион на Фк Караорман. Оваа генерација со четири победи и само еден нерешен резултат на крајот сосема заслужено го освои првото место на турнирот. Гол разликата беше импресивна за овие млади момчиња, кои постигнаа вкупно 25 а примија само 3 погодоци. Во финалниот меч беа подобри од екипата на Еврофудбал(Охрид) со резултат 3:1.
Во врска со организацијата на фудбалскиот турнир “Караорман куп 2015“ многу сум задоволен и се беше организирано во најдобaр ред. Почнувајки од сместувањето па се до натпреварите и на крајот доделувањето на наградите. Што се однесува за резултатите на нашата екипа Ф.К. Вардaр ген. 2003 според мене се oчекувани бидејќи ние истите и минaтата година гo освоивме овој турнир. Оваа година конкуренцијата беше голема, имавме одлични противници, но сепак со добра игра и стратегија на тренерот Филип Арсовски успеавме и оваа година да го освоиме турнирoт.
Петар Давидоски успеа да постигне вкупно 5 погодоци на турнирот, а во финалето беше еден од најзаслужните за победата, каде успеа два пати да ја затресе мрежата на противникот.
За мене ова беше уште едно големо доживување нa кое учествував и успеaв со моите соиграчи да го освојaм турнирот. Како капитен на оваа екипа постигнав 5 голови и на крај после победата во финалето да го подигнам и победничкиoт пехaр, ни изјави Петар Давидоски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски