Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Денес нов тест-меч за црвено- црните со Унгарскиот прволигаш Пушкаш Академија !
Денес нов тест-меч за црвено- црните со Унгарскиот прволигаш Пушкаш Академија !

Денес нов тест-меч за црвено- црните со Унгарскиот прволигаш Пушкаш Академија !

Нашите момци од ФК Вардар денес ќе ја имаат и четвртата контролка на подготовките во Австрија . Противник на црвено – црните момци е тимот на Пушкаш Академија.

Нашиот противник доаѓа од Унгарија и е член на најквалитетната  унгарска лига “OTP Bank Liga“ во која изминатат сезона заврши на 10 позиција . Мечот е закажан за денес со почеток во 18 часот и 30 минути на стадионот во Дитерсдорф место во близината на Грац . Од овој контролен дуел ќе има видео линк за следење на официјалната клубска веб страница на ФК Вардар . Во изминатите три дуела Вардарци забележаа една победа, едно реми и еден пораз ова се  остварените   резултати досега на летните подготовки :

  • ФК Вардар – Т.Грозни (Русија) 0-1
  • ФК Вардар – Капфенберг (Австрија) 2-1
  • ФК Вардар –  Волфсбергер (Австрија) 1-1