Две фудбалски генерации на Вардар беа дел од второто издание на традиционалниот турнир “Караорман куп 2015“ кој се одигра во Струга.
Фк Вардар генерација “2003“ го освои турнирот со победа во финалето против екипата на Еврофудбал од Охрид со резултат 3:1.
Фк Вардар генерација “2005“ заврши како второпласирана, откако во финалниот меч беа поразени дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел беше 2:2. По изведувањето на пенали 2:3 за екипата на Фк Ферплеј(Охрид).
Нашите млади генеарции прикажаа добри игри и резултати и достојно ги бранеа црвено-црните бои. Преку вакви турнири го стекнуваат потребното искуство за во иднина, кога треба да се развијат во професионалци.