Немања Мијушковиќ дефинитивно ги задоволи вкусовите на управата на црвено-црните и во следните три години ќе го носи дресот на Вардар. Ова е вкупно седмо засилување за Македонскиот шампион, откако претходно со овој клуб потпишаа и Стојков, Брдаровски, Велковски, Николов, Гачевски и Фелипе.
Мијушковиќ ќе ја пополни дефанзивната линија, во одсуство на Златко Таневски кој нема да биде во можност да и помогне на екипата во дуелот со Апоел во рамките на Лигата на Шампионите. Од клубот сеуште не се изјасниле за уште еден играч кој е на проба, тоа е Украинецот Евгениј Новак.