Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Петар Давидоски: Со добра игра и стратегија на тренерот Филип Арсовски, успеавме и оваа година да го освоиме турнирот
Петар Давидоски: Со добра игра и стратегија на тренерот Филип Арсовски, успеавме и оваа година да го освоиме турнирот

Петар Давидоски: Со добра игра и стратегија на тренерот Филип Арсовски, успеавме и оваа година да го освоиме турнирот

Фк Вардар генерација “2003“ втора година по ред го освојуваат традиционалниот турнир “Караорман куп“ кој се играше во Струга, на градскиот стадион на Фк Караорман. Оваа генерација со четири победи и само еден нерешен резултат на крајот сосема заслужено го освои првото место на турнирот. Гол разликата беше импресивна за овие млади момчиња, кои постигнаа вкупно 25 а примија само 3 погодоци. Во финалниот меч беа подобри од екипата на Еврофудбал(Охрид) со резултат 3:1.

Во врска со организацијата на фудбалскиот турнир “Караорман куп 2015“ многу сум задоволен и се беше организирано во најдобaр ред. Почнувајки од сместувањето па се до натпреварите и на крајот доделувањето на наградите. Што се однесува за резултатите на нашата екипа Ф.К. Вардaр ген. 2003 според мене се oчекувани бидејќи ние истите и минaтата година гo освоивме овој турнир. Оваа година конкуренцијата беше голема, имавме одлични противници, но сепак со добра игра и стратегија на тренерот Филип Арсовски успеавме и оваа година да го освоиме турнирoт.

Петар Давидоски успеа да постигне вкупно 5 погодоци на турнирот, а во финалето беше еден од најзаслужните за победата, каде успеа два пати да ја затресе мрежата на противникот.

За мене ова беше уште едно големо доживување нa кое учествував и успеaв со моите соиграчи да го освојaм турнирот. Како капитен на оваа екипа постигнав 5 голови и на крај после победата во финалето да го подигнам и победничкиoт пехaр, ни изјави Петар Давидоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски