Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се освен победа против А.Пандев, значи чекор назад во одбрана на титулата во ПМФЛ
Се освен победа против А.Пандев, значи чекор назад во одбрана на титулата во ПМФЛ

Се освен победа против А.Пандев, значи чекор назад во одбрана на титулата во ПМФЛ

Денес на арената “Филип Втори“ нашиот фудбалски шампион ќе го одигра заостанатото коло против екипата на Академија Пандев. По завршување на настапите во лигата на Европа, за црвно-црните остануваат обврските во домашното првенство и куп. Денешниот меч со струмичани и победа на овој дуел е последната шанса за фаќање на приклучок во борбата за првото место на табелата, каде моментално таму е Шкендија, која има дури 14 бодови повеќе од Вардар, но и два натпревари повеќе.

Вардар го доби првиот дуел одигран во Струмица, кога славеше со резултат од 0:2, со головите на Стојков и Максимов. А.Пандев се напѓа во серија од два последователни порази и тоа двата на домашен терен, од кои едниот е токму од екипата на Вардар. Денешниот противникот се наоѓа на четвртата позиција на табелата и може да се каже дека оваа сезона е најпријатното изненадување во ПМФЛ. Натпреварот со А.Пандев започнува од 13 часот и се освен триумф на овој дуел, ќе значи се повеќе одалечување од одбрана на шампионската титула. Заморот е присутен кај нашите играчи, после тешкиот натпревар четвртокот против Розенборг, но за црвено-црните нема друга алтернатива освен победа.