Денес ќе се одиграат првите осминафинални натпревари на светското ракометно првенство во Германија. Она што нас не интересира е мечот помеѓу Србија и Црна Гора, натпревар на кој ќе настапат четири ракометарки на Вардар.
Во пресрет на осминафиналните дуел, десното крило на Вардар и Црна Гора, Јованка Радичевиќ се наоѓа во ТОП-10 листата на најдобри стрелци на мундијалот, односно на деветтата позиција. Радичевиќ на пет одиграни натпревари, на кои нејзината репрезентација забележа две победи, два порази и еден нерешен резултат постигна вкупно 29 голови. Првото место е за Ана Грос од Словенија, втора е Ана Бало која со Бразил веќе ги зврши настапите на мундијалот и третата позиција е за Кудлач од Полска, која исто така е елиминирана во групната фаза.